Имајќи директен пристап и контрола на главната суровина преку високо квалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Преработката суровини кои се добиваат од локални рудници представува високо ефикасен производен процес кој го минимизира влијанието врз околината и ја подобрува одржливоста на бизнисот.
Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во песледните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина. Високиот степен на огноотпорност, инертноста кон челикот, одличните перформанси како и ниската цена го истакнуваат доломитот како разумен избор за производителите на челик во 21от век.
Со производен капацитет од над 60.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.
Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година.
ВАРДАР Доломит цели кон градење на долготрајни партнерства како со добавувачите така и со клиентите. Нашата цел е да имаме доверливи соработници затоа што сметаме дека тоа е клучна компонента за останување стабилна и одржлива компанија.
Вардар Доломит полага значајно внимание на безбедноста на работната околина како и на здравјето на вработените. Се преземаат сите неопходни мерки за навремено превенирање на потенцијалните ризици и на сите вработени задолжително се вршат редовни здраствени прегледи.
Вардар Доломит става значаен акцент на заштитата на животната средина. Сертификатот за интернационалниот систем за менаџмент на животна средина ISO 14001, со кој што се стекнавме во 2008 година, e показател на нашата чуствителност за благосостојбата на животната средина.
Вардар Доломит е општествено одговорна компанија која се стреми кон зајакнување на локалните капацитети преку трансвер на знаење како и преку поддршка на локални кампањи.
Вардар Доломит вложува во обуки на своите вработени и е отворен за соработка со училишта, факултети и институции на полето на наука, инженерство и технологија.
Вардар Доломит е компанија лидер во регионот по однос на енергетската ефикасност. Имплементиран е интернационалниот стандард за енергетски менаџмент ISO 5000 и истиот е сертифициран во 2018 година.
Главната цел на Вардар Доломит е да имаме конкурентни производи на пазарот со највисок квалитет. Вардар Доломит преку одговорно и безбедно работење е фокусиран на профитабилност, континуиран пораст во производството и одржлив висок квалитет на производи при што се става голем акцент на заштитата на животната средина. Нашата компанија се стреми да биде пример за одговорно и транспарентно работење и добро корпоративно управување.
Фабриката за доломитни огноотпорни материјали е изградена во 1964/65 г. во состав на претпријатието РИОМ"Силика" од Гостивар.
Во Јули 2003 г. Турската компанија "Haznedar Refrakter Sanai", станува 100% сопственик на "Силика-Доломит", сегашен "Вардар Доломит"-ДООЕЛ Гостивар. По преземањето на фабриката, новиот соственик вложи дополнителни средства за модернизација и рестартирање на производството и континуирано вложува се до денес.
Вардар Доломит поседува А интегрирана еколошка дозвола и има воспоставено високи критериуми во своето работење преку имплементирање на системот за управување со квалитет ISO 9001, енергетска ефикасност ISO 50001 и стандардот за управување со животна средина ISO 14001 а со цел идентификување на сите можни влијанија врз околината и здравјето на луѓето, има создадено систем на спроведување на воспоставени процедури за мониторинг и за управување со вонредни состојби кој превентивно спречува настанување на можни опасности и ризици од секаков вид.