Процесот на производство започнува со синтерување на Суров Доломит. Синтерувањето се врши во две Шахтни Печки на температура од 2000 0С. Формирањето на опеките се врши со помош на Хидраулични Преси од познати производители кои го обезбедуваат потребниот притисок за постигнување на максимална густина на производот. Производите на Вардар Доломит се наменети за работни обоги на металуршки агрегати во црната и обоената металургија.
Производи
- Синтер доломитни опеки
Произведуваме синтер доломитни опеки со различни квалитети (состав), форми и димензии во зависност од барањето на клиентите.
- Синтер доломитни маси
За квалитетот на производите допринесува користењето на високо квалитетни суровини, врзивни средства, додатоци, репроматеријали, современи средства за производство и секако квалификуван и обучен работен кадар од сите профили.
• Производи од доломит |
• Машини, погони и палета од производи
|